Зградата кај „Скопјанка“ дезинфицирана - се огласи таткото на двете деца кои живееле во станот

После немилиот настан од синоќа, во зградата во близината на тргвскиот центар „Скпјанка“ во скопски Аеродром, зградата денеска беше дезинфицирана, неподносливата миризба исчезна, а станарите се вратија дома, пренесува ТВ 24.

Татко на двете деца кои живееле со бабата во станотв во кој во беа пронајдени искористени пелени, кои беа причина за синоќешната евакуација на станарите, за ТВ 24 вели дека за ситуацијата  во која се наоѓаат неговите деца прв пат дознал од медиумите но потенцираше дека долго време се обраќал до надлежни институции, но не добил одговор на неговите барања. Тој вели дека нивната мајка ги напуштила и 6 месеци не живее со нив туку со друг човек, а покрај старателстото над малолетниот син, го оставила да живее со баба му.

Од центарот за јавно здравје велат дека во ситуација на континуирано присуство на амонијак може да се доведе до сериозни здравствени проблеми како на децата така и на останатите станари.

„Амонијакот кај малите и возрасните може да доведе до иритација на очите, на дишните патишта, може да астма ако децата престојуваат подолго време во таква просторија. Во подрумските простории имало незгрижени лица кои уринирале неконтролирано и најверојатно амонијакот испарува и тоа довело до влошување на целата ситуација.“ - изјави Љупчо Костадиновски – специјалист по хигиена при Центар за јавно  здравје.

Од МТСП во врска со овој случај велат дека не е социјален случај, ниту имало претходни пријави. Согласно законот велат дека за 65 годишната ќерка должна е да се грижи нејзината ќерка. Градоначалникот Петре Шилегов на жената која живее во станот и понудил привремено да биде преселена но истата одбила.

Синоќа пред зградата повеќе од 6 часа специјални полициски екипи, брза помош, пожарникари, социјалните служби како и кризни штабови беа на терен додека се интервенираше во станот во зградата од каде се ширеше непријатна миризба, за која станарите мораше да бидат извлекувани со гас-маски.

 

 

 

 

20.09.2018 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега