Close Menu
    Најново

    Бугарскиот МНР Георг Георгиев: Уставните измени не се единствениот услов, тогаш почнува процесот

    14.04.2025 во 12:45

    Горивата повторно поевтинуваат

    14.04.2025 во 12:37

    Ревизија се закани: Ќе им го запреме финансирањето на партиите

    14.04.2025 во 11:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Бугарскиот МНР Георг Георгиев: Уставните измени не се единствениот услов, тогаш почнува процесот
    • Горивата повторно поевтинуваат
    • Ревизија се закани: Ќе им го запреме финансирањето на партиите
    • Трамп: Ми кажаа дека Русија по грешка го погодила центарот на Суми
    • МВР руши рекорди: Викендов над 2300 казни – по една на секоја минута
    • Температурите почнаа да растат
    • Владата и ССМ ја смирија топката за минималната плата
    • Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет Сет“ се искачи на 184
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Херојот Јован кој спаси 21 живот во Пулс се врати дома – Го пречекаа аплауз и овации

    Херојот Јован кој спаси 21 живот во Пулс се врати дома – Го пречекаа аплауз и овации

    25.03.2025 во 10:09
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Добра вест по хоророт во Кочани кога избувна пожар во дискотеката Пулс при што загинаа 59 лица, а повеќе од 160 се повредени и се на лекување во земјава, регионот и странство. Младиот Јован Костадинов од Виница кој како вистински херој спаси 21 живот од пламените јазици во Пулс, е пуштен дома од болница.  

    – „Постојат моменти кога зборовите не се доволни, а ова е еден од нив. Како да се опише душа толку храбра и несебична, која во мигови на паника и опасност не помисли на себе, туку само на другите? Јован, кој има само 21 година, постапил како вистински херој. Влегувал повторно и повторно, не еднаш, не двапати, туку повеќе од 20 пати, за да помогне на оние што биле заробени во пламените. Го ризикуваше сопствениот живот за да спаси други. Неговото тело ги носи лузните од неговото јунаштво, но неговото срце носи нешто далеку поголемо: почитта, восхитот и љубовта на цела нација“, напиша Таравари на Фејсбук за младото момче кое е вистински херој.

    Јован беше пречекан со овации и аплауз во гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница.

    Мајка на едно од повредените момчиња, Јадранка Бреслиева, се огласи на социјалните мрежи и ја сподели приказната за момчето херој.

    – Со голема благодарност и емотивна почит, би сакал да го споделам херојскиот чин на Јован Костадинов од Виница, кој не само што ги спаси животите на 21 деца во трагичната несреќа во ноќниот клуб во Кочани, туку го спаси и мојот син. Во најтемните моменти на паника и хаос, кога сите беа збунети и во страв, Јован се појави како светлина на надеж. Без да размислува, го зеде мојот син кој беше под рушевините  на дискотеката  и  го носеше на својот грб низ огнот и чадот, се до болницата во Кочани, со цел да го спаси, додека сите наоколу бегаа и се бореа за својот живот, напиша мајката.

    Вели Јован е вистински херој – младо момче со големо срце и неописива храброст, кој го ризикуваше својат живот  за да спаси туѓи животи.

    – Јован на тебе  ти го должам новото утре, новата насмевка, новата надеж и новиот живот на мојот син. За тебе нема зборови кои можат да го искажат моето благодарност и почит.  Благодарност од дното на срцето. Ти ми го даде најголемиот подарок што може да го добие една мајка, го спаси животот на  моето дете. Ти  ќе останеш засекогаш во моите молитви и во нашите срца, напиша таа.

    На социјалните мрежи се појавија и многу други постови со благодарност до младиот Јован.

    – Секоја чест мило чедо. Сигурно Господ е со тебе и се што ти посакувам е да остане и понатаму со тебе и со сите твои блиски. Родителите бидете поносни, стои во една објава.

    – Херојството не се мери со години, туку со храброст и човечност. Јован од Виница, 19-годишно момче,  симбол на несебична пожртвуваност кога во пожарот во Кочани, без двоумење, влезе во огнот за да спаси околу 20 деца. Со црево во рацете и срце полно со храброст, тој не размислуваше за себе, туку за оние на кој им беше потребен. Побрзо оздравување Јован, стои во друг пост.

    Инаку, во пожарот во Кочани загинаа 59 лица, повеќе од 160 се повредени. Дел од повредените се на лекување во Клиниките низ Македонија, дел во регионот и странство.

    Пулс немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна, а објектот бил непрописно обложен со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали. 

    Featured

    Поврзано

    Бугарскиот МНР Георг Георгиев: Уставните измени не се единствениот услов, тогаш почнува процесот

    Ревизија се закани: Ќе им го запреме финансирањето на партиите

    МВР руши рекорди: Викендов над 2300 казни – по една на секоја минута

    Температурите почнаа да растат

    Влада: Последните 6 месеци растат платите во здравството, образованието и безбедноста

    Пожар близу Клиничкиот центар во Скопје

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Избор

    Бугарскиот МНР Георг Георгиев: Уставните измени не се единствениот услов, тогаш почнува процесот

    14.04.2025 во 12:45

    Горивата повторно поевтинуваат

    14.04.2025 во 12:37

    Ревизија се закани: Ќе им го запреме финансирањето на партиите

    14.04.2025 во 11:42

    Трамп: Ми кажаа дека Русија по грешка го погодила центарот на Суми

    14.04.2025 во 11:37
    последни вести
    Македонија

    Бугарскиот МНР Георг Георгиев: Уставните измени не се единствениот услов, тогаш почнува процесот

    14.04.2025 во 12:45
    Бизнис

    Горивата повторно поевтинуваат

    14.04.2025 во 12:37
    Македонија

    Ревизија се закани: Ќе им го запреме финансирањето на партиите

    14.04.2025 во 11:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.