Close Menu
    Најново

    Бугарскиот МНР Георг Георгиев: Уставните измени не се единствениот услов, тогаш почнува процесот

    14.04.2025 во 12:45

    Горивата повторно поевтинуваат

    14.04.2025 во 12:37

    Ревизија се закани: Ќе им го запреме финансирањето на партиите

    14.04.2025 во 11:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Бугарскиот МНР Георг Георгиев: Уставните измени не се единствениот услов, тогаш почнува процесот
    • Горивата повторно поевтинуваат
    • Ревизија се закани: Ќе им го запреме финансирањето на партиите
    • Трамп: Ми кажаа дека Русија по грешка го погодила центарот на Суми
    • МВР руши рекорди: Викендов над 2300 казни – по една на секоја минута
    • Температурите почнаа да растат
    • Владата и ССМ ја смирија топката за минималната плата
    • Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет Сет“ се искачи на 184
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: Се унапредува процесот на јавни набавки

    Димитриеска-Кочоска: Се унапредува процесот на јавни набавки

    01.04.2025 во 09:45
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Бирото за јавни набавки од 1 април 2025 година, ќе ја стави во функција новата надградена верзија на Електронскиот систем за јавни набавки, со нови функционалности и напредни алатки за да се олесни работењето, како на набавувачите, така и на понудувачите.

    „Станува збор за значајна реформа којашто ќе го унапреди процесот на јавните набавки, ќе ја зголеми транспареноста и ефикасноста на целиот процес, а поедноставената и стандардна документација отвора можност за учество на повеќе компании во овој процес и згомемена конкурентност. Со новата верзија се воведуваат иновативни технологии кои ќе генерираат напредна аналитика на податоци со која ќе се постигне поголема отчетност при трошењето на јавните средства“, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

    Новите алатки овозможуваат и придонесуваат за усогласување со стандардите и регулативата на ЕК и исчекор во востанувањето на ЕСЈН на официјален член (e-Sender) на платформата за објава на тендери на ЕУ (ТЕД), се имплементира процес на автоматско креирање на тендерска документација со што значително ќе се подобри квалитетот на тендерските документации, ќе се намалат грешките и пропустите, а со тоа ќе се намали поништувањето на постапките. Ќе се скрати и времето за учество на постапките и ќе се постигне поголема сигурност и интегритет во креирањето на понудата.

    Воведувањето на алатка за структуирање на финансиската понуда на компаниите, која ќе доведе до поголема транспарентност и полесна следливост на цените, ќе овозможи подобар мониторинг и подетална анализа на цените на понудите и вредноста на договорите за јавни набавки, споредба на единечни цени на ист предмет на набавка со други институции, споредба со цени од претходни години и сл. Со ова ќе се има увид во генералните движења на цените на производите и услугите на пазарот за јавни набавки, компаративна анализа, проектирање на трендови итн.

    Целокупната надградба на системот, покрај горенаведените бенефити и подобрувања, претставува основа за наредна поголема реформа во работењето на јавниот сектор, како на пример воведување унифицирана е-фактура за јавни набавки во соработка со Управата за јавни приходи.

    Тимот во Бирото за јавни набавки, предовден од директорката Маре Богоева Мицовска, останува посветен континуирано да го подобрува системот на јавните набавки на сите полиња, како во делот на воведување иновативни електронски алатки, така и за зајакнување на интегритетот и довербата во постапките за јавни набавки.

    Поврзано

    Горивата повторно поевтинуваат

    Владата и ССМ ја смирија топката за минималната плата

    Влада: Ги зголемивме пензиите на над 330.000 пензионери за 5000 денари

    Цената на златото се искачи на нов историски рекорд, пазарите во исчекување на царините на Трамп

    Од денеска по 2.500 денари повисоки пензии

    Минималната плата се зголемува за 1.800 денари – ССМ во петок носи одлука

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Избор

    Бугарскиот МНР Георг Георгиев: Уставните измени не се единствениот услов, тогаш почнува процесот

    14.04.2025 во 12:45

    Горивата повторно поевтинуваат

    14.04.2025 во 12:37

    Ревизија се закани: Ќе им го запреме финансирањето на партиите

    14.04.2025 во 11:42

    Трамп: Ми кажаа дека Русија по грешка го погодила центарот на Суми

    14.04.2025 во 11:37
    последни вести
    Македонија

    Бугарскиот МНР Георг Георгиев: Уставните измени не се единствениот услов, тогаш почнува процесот

    14.04.2025 во 12:45
    Бизнис

    Горивата повторно поевтинуваат

    14.04.2025 во 12:37
    Македонија

    Ревизија се закани: Ќе им го запреме финансирањето на партиите

    14.04.2025 во 11:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.