Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс забележаа многу важна победа во борбата за што подобра позиција пред плеј-офот во НБА лигата откако синоќа славеа на домашен терен против Хјустон рокетс со 104-98.
Лука Дончиќ повторно беше еден од најдобрите во својот тим завршувајќи со 20 поени, а мечот го одбележа и неговиот потег против центарот на противникот, Алперин Шенгун.