На 30 март, пет минути пред полноќ во Македонска Каменица, полициски службеници го лишиле од слобода В.С.(39) од Македонска Каменица, по претходна пријава дека на улицата „Вера Јоциќ“ управувајќи товарно возило „фиат“, удрил во паркирано возило „ауди А4“, сопственост на 24-годишниот А.Д. и го напуштил местото на настанот.
Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.