За само 6 месеци, Владата ги покачи пензиите на над 330.000 пензионери за 5000 денари. Ова денеска преку соопштение го велат од македонската Влада.

– На сметките на пензионерите легна покачувањето на пензиите од 2500 денари. Со ова покачување, вкупното линеарно зголемување на пензиите достигнува 5.000 денари, откако првото зголемување беше со септемвриската пензија и сега со мартовската пензија. Ова е втор раст на пензиите за само 6 месеци. Имено, дека Владата се грижи за пензионерите покажува тоа што уште првата недела од мандатот донесе одлука за линеарно покачување на пензиите на сите пензионери за 5000 денари, со септемвриската и мартовската пензија. Ветивме и исполнивме. Владата ги покачи пензиите за 5000 денари, линеарно за секој пензионер. Владата покажа дека се грижи и работи одговорно и посветено. Пензионерите заслужуваат достоинствен живот и вистинска грижа за нивните потреби, велат од Влада.

Додаваат дека со ова Владата го исполнила едно од ветувањата за најстарата категорија на граѓани и обезбедила поквалитетен живот за нив.

– Продолжуваме посветено да работиме за подобрување на животниот стандард на граѓаните, додаваат од Влада.

Leave A Reply

Exit mobile version